Свет

Путин и Лукашенко беа на патување со брод

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, беа на патување со брод, изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Лукашенко е во посета на Русија. Во петокот беше официјалниот дел од состанокот на двајцата претседатели, а вчера тие имаа неформална средба.

Според Песков, Путин и Лукашенко во петокот се договориле дека ќе го искористат убавото време и убавата природа на рускиот југ.

Двајцата лидери разговараа за актуелните прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во врска со слетувањето на авионот на „Рајанер“, кој леташе кон Вилнус од Атина.

 

На почеток