Свет

(ВИДЕО) Експлозија во центарот на Белград- има повредени

Плинска боца експлодира на улицата Чика Љубина во центарот на Белград, поради што беше демолиран цел локал, а неколку лица беа повредени. Пет лица се веќе пренесени во Ургентниот центар, од кои едно е на интензивна нега. Наводно станува збор за случајни минувачи, а се стравува дека во барот има повеќе повредени лица, дознава „Телеграф.рс“.

Како што пренесува порталот, пожарот е локализиран, и повеќе нема опасност по животната средина.

Фактот што експлозијата исфрлила едно лице на тротоарот покажува колку била силна детонацијата.

Граѓаните кои се нашле на оваа локација на социјалните мрежи опишаа дека сè билокако во некој хорор филм.

Граѓаните исто така пишуваат дека оние кои се нашле во близина на местото за време на експлозијата веднаш покажале хуманост и пружиле помош.

Фото и видео: Агенции

На почеток