Магазин

Хари и Меган по вторпат станаа родители, ќе се вика Лилибет „Лили“ Дијана Маунтбатн-Виндзор

Меган Маркл и принцот Хари станаа родители по вторпат, а војвотката на свет донела здраво девојче.

Цел свет зборува за името кое го одбрале за неа. Имено, тие се одлучиле за две имиња кои се од големо значење за нивното семејство:

„Со голема радост принцот Хари и Меган, војводата и војвотката од Сасекс, се поздравуваат со својата ќерка Лилбет ‘Лили’ Дајана Маутбатен-Виндзор. Лили е родена во петокот, на 4-ти јуни во 11:40 и е под грижа на лекарите и персоналот во болницата Санта Барбара Котиџ во Санта Барбара, Калифорнија“, стои во официјалното соопштение.

„Лили е наречена по нејзината баба, нејзиното височество, Кралицата Елизабета втора, чиј семеен прекар е Лилбет. Нејзиното средно име Дајана е избрано во чест на саканата покојна баба, принцезата од Велс“, се додава во соопштението.

На почеток