Имено, она што Владата помпезно го најавува како голема придобивка за работниците, всушност и не е ништо ново, бидејќи поголема дневница за работа во недела и друг слободен ден во текот на неделата го предвидуваат и веќе постоечките законски норми, предвидени со Законот за работни односи и колективните договори, се вели во соопштението од Левица.
Во продолжение на истото се додава:
Со новите законски измени се предвидува работа во недела од 10 до 18 часот, па се поставува прашањето како од најавуваниот слободен ден во недела, стигнавме до слободно попладне во неделa! Наместо да се донесат законски решенија кои што ќе овозможат сериозни промени, како и многу пати до сега владеjачката структура, самата предводена од олигарси,
попушти пред интересите на олигарсите и ги заборави работниците.
Наместо власта да ги зајакне заштитните механизми и да решава есенцијални проблеми во трудовиот сектор како што се: работа на црно, исплаќање на плата во плико, неисплаќање на празнични дневници, прекувремена работа, ноќна работа, минат труд, да се залага за задолжителни два слободни дена во неделата, да направи посебен пакет мерки за работници кои во време на пандемија останаа на улица, да формира заштитен фонд за сите работници, СДСМ само сервира убав наслов и
загарантирани злоупотреби и дискриминација.
Дополнително, иако се четири години на власт, СДСМ реализацијата на оваа мерка ја пролонгира за месец октомври, кога се предвидени и локалните избори. Ваквото преклопување укажува на тоа дека владејачката структура уште сега го трасира патот за предизборен поткуп, по примерот на предвремените парламентарни избори.
Она што всушност е новина и што Владата сака да го протурка е надоместокот од 2% од вкупниот приход остварен минатата година во недела и на празници, што ќе треба да го плаќаат работодавците ако сакаат да обавуваат дејност во недела, па така она што се најавува како придобивка за работниците, всушност е придобивка за полнење на Буџетот, во отсуство
на било каква економска стратегија и визија на власта.
Доколку се сумираат сите изјави на Владата за нејзиниот проект „Недела неработен ден” може да се донесе само еден заклучок: Недела ќе биде работен ден за сите кои и досега работеле во недела и ќе биде неработен за сите оние кои што досега не работеле во недела.