Францускиот претседател Емануел Макрон вчера доби шлаканица при официјална посета на одделот Дром во југоисточна Франција, а новото видео, покажува поинаков агол на нападот врз Макрон.
На него се гледа како францускиот претседател трча кон граѓаните со заштитна маска на лицето, придружуван од две лица од обезбедувањето. Макрон се приближил до оградата и фатил за рака еден од насобраните, по што тој му удрил шлаканица.
Вознемирен, Макрон рефлексно се придвижи настрана, а членовите на обезбедувањето го влечеа кон автомобилот.
На оваа снимка се слуша и ударот.
Еден член на обезбедувањето веднаш го однел претседателот на сигурно, додека други го бутнале напаѓачот на земја и го совладале.
фото: Télé Loisirs