ВМРО-ДПМНЕ казнет во судница со 3.000 евра. Партијата ја доби оваа казна поради одлуката Димче Арсовски, нејзин претставник во судницата, да излезе од судењето за случајот „Талир“ незадоволен од тоа што посочил дека еден од поротниците имал 60 години и не смеел веќе да ја извршува функцијата судија поротник, објави Алсат.
Судијата, Осман Шабани, кој го води овој процес, му посочи дека судницата ја помешал со Собрание и дека политички говори не се дозволени. По ова Арсовски рече дека ќе ја напушти судницата, за што беше предупреден дека ќе сноси последици, како претставник на правното лице ВМРО-ДПМНЕ. Откако партијата беше казнета судот посочи дека ќе постават адвокат по службена должност кој ќе ја репрезентира опозициската партија за време на судењето.
Текстот во целост на: Алсат