Свет

(ВИДЕО) Тепачка во боливискиот Парламент

Тепачка во боливискиот парламент. Инцидентот настана кога двајца пратеници почнаа да се тепаат по жестоката расправа за тоа дали претходната влада на привремената претседателка Жанин Агнес е легална или пуч.
Жанин Агнес била уапсена претходниот ден во главниот град на Боливија, Ла Паз, под обвинение за вршење на државен удар и соборување на претседателот Ево Моралес.

Во тепачката се вклучија уште двајца пратеници, по што настана општ метеж во парламентот.

На почеток