Македонија

Од 1 јули се укинува роамингот со пет земји од регионот, најави Османи

Од идниот месец македонските жители ќе можат слободно да телефонираат и да сурфаат во пет соседни држави, не грижејќи се за роамингот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук-профил објави дека од 1 јули ќе нема роаминг за телефонското поврзување со Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Претходно генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу најави дека надоместокот за роаминг во земјите од регионот ќе биде целосно укинат од 1 јули.

На почеток