Претседателот на Владата Зоран Заев денеска во Париз се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон. По средбата тие одржаа заедничка прес-конференција, на која меѓудругото францускиот претседател истакна дека Македонија заслужува да ги почне преговорите за членство со ЕУ.
– Тука сум да помогнам за да се изнајде решение со Бугарија – додаде Макрон.
Во изјавата, македонскиот премиер говореше за француската поддршка во изминатите 28 години колку што траат дипломатските односи меѓу двете земји.
„Од една ваша изјава пред студентите во Сорбона, дека во Европа лежи нашиот идентитет и Европа ни дава иднина, силно верувам дека Франција може да биде мотор за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. За нас е важно што Франција го поддржува овој просце врз основа на поставените критериуми. Саитот во јуни е шанса за наш напредок и да го тргнеме ветото“, рече Заев.
Заев е во работна посета на Франција, придружуван од Никола Димитров и Бујар Османи.