Снимка од огромен бурмански питон кој слободно се шетал по тревникот на зоолошката градина во Белград шокирал денеска многу корисници на социјалните мрежи.
На краткото видео се гледа змија долга околу 2 метри во заграден простор на градина каде деца инаку можат да јаваат пони.
-Питон излегол малку да прошета – пишува во коментар авторот на снимката кој за секој случај снимал од оддалеченост.
Снимката погледнете ја на овој линк.