Македонија

Д-р Беќаровски: Во моментов доминира стомачен вирус, а ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен

Доц. д-р Нико Беќаровски специјалист интернист од Клиниката за токсикологија која е воедно и Ургентен центар, во емисијата 24 анализа рече дека се надева ова лето пандемијата ќе стивне. Сега на повшина излегуваат пациентите кои тешко ја поднеле пандемијата и сега имаат потреба од лекар, а тука е и постковид синдромот.

-Не е само да се излечи вирусот, последиците кои ги остава се карастрофални. Во моментов во државата доминира стомачен вирус, клиниките се преплавени со таа патологија. Ситуацијата со ковидот е смирена, но тој не е комплетно загубен, вели д-р Беќаровски.

На почеток