Свет

Нов земјотрес кај Петриња – „Се тресеше како експлозија“

Земјотрес со јачина од 3,6 степени доцна синоќа ја погоди Хрватска.

Медиумите јавуваат дека потресот се случил во 1:23 часот синоќа, а епицентарот бил на 13 километри од Сисак.

Интензитетот на земјотресот се смета за умерен, но жителите од околните места, како што пренесува „Јутарњи лист“, сведочат дека потресот бил многу силен.

„Се тресеше како експлозија“… „Страшен звук, а потоа и тресок, ја потресе целата куќа.“… „Куќата се тресеше и прозорците се тресеа. Страшно будење од сон“, пренесуваат медиумите коментари од вознемирените жители.

 

На почеток