Општина Кисела Вода во соработка со Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје – Одделение за превенција и ПСОН Кисела Вода започна со реализација на кампања во основните општински училишта, која ќе има за цел да делува во насока на спречување на несакани последици по безбедноста на учениците во периодот на претстојните новогодишни и божиќни празници.
„Реализацијата на кампањата започна од ООУ „Круме Кепески“ каде пред учениците од 7, 8 и 9 одделение полициски службеници одржаа едукативен час за превенција и за спречување на последици од употреба на пиротехнички средства. Покрај ова, волонтери од „Црвен крст“ на учениците им покажаа како да укажат прва помош при повреда настаната од петарди. Во периодот што следува вакви едукативни предавања ќе се одржат и во останатите основни училишта.
Воедно, претставници од Министерството за внатрeшни работи ќе остварат средби и со Советот на родители при основните училишта пред кои ќе ја презентираат кампањата“, велат од Општина Кисела Вода.