Во текот на изминатиот ден (10.12.) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, една со телесни повреди и четири со материјална штета.
Во сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и едно со телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 19 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени девет возачи од кои: двајца затоа што управувале возило под дејство на алкохол, шест возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и еден бил возач почетник.
Исто така исклучено е од сообраќај едно возило бидејќи било нерегистрирано. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување и тројца возачи поради непоседување на зимска опрема. Во текот на изминатиот ден издадени се 55 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.