Скопје

Мотоциклист прегази пешак во Скопје – двајцата со тешки повреди пренесени во болница

Мотоциклист и пешак, двајцата помлади од 25 години, со тешки телесни повреди завршија во болница по сообраќајна несреќа.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера на булеварот „Алексаднар Македонски“ во Скопје, кај клучката „Дијамант“.

„Мотоцикл „бмв“, без регистарски ознаки, управуван од А.Л.(24) од Скопје, удрил во пешак С.С.(19) од селото Тромеѓа, Кумановско“, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на несреќата.

На почеток