Магазин

(ФОТО) Ова е најскапата плажа во Црна Гора, нуди кристалното чисто море, зеленилото кое прави сенка, песокот под стапалата

Кристалното чисто море, зеленилото кое прави сенка, песокот под стапалата… Плажата Сини Хоризонти во Тиват оваа сезона судејќи по сè ќе биде најпопуларна во Црна Гора.

Но, освен поради природните убавини, за Синиот хоризонт сè повеќе се зборува и поради цените на кои туристите не навикнале, пишува српски Телеграф.

Туристите кои до плажата одат со автомобили треба да пресметаат дека за паркинг ќе им бидат потребни 3 евра. Исто толку чини и лименка на било каков газиран пијалак, односно сок во барот на плажата, додека пак коктелите чинат 8 евра.

Додека во поголемиот дел од црногорските летувалишта изнајмување на две лежалки со чадор е 10 евра, на Сини Хоризонти тоа чини 15 евра. Омлет, цеден сок од портокал и кафе чинат 20 евра.

На влегување на плажата јасно е назначено дека е забрането внесување на храна и пијалаци, па доколку сакате да поминете еден ден таму ќе ви бидат потребни околу 50-на евра.

фото: Biljana Stanojević/Telegraf.rs

На почеток