Македонија

(ВИДЕО) Букурешт обоен во црвено-жолта боја, македонските навивачи подготвени за денешниот натпревар против Украина!

Деновиве главниот град на Романија е обоен во црвено-жолта боја, а нашите навивачи ги запоседнаа кафулињата и рестораните во романската метропола. Попладнево со почеток од 15 часот, македонската фудбалска репрезентација го игра вториот натпревар од групата Ц на Европското првенство, овојпат против Украина. Mакедонските навивачи пејат и возбудено го чекаат овој особено битен натпревар кој ќе се одигра на Националната арена во романската престолнина. Mакедонските навивачи пеат и возбудено го чекаат овој особено битен натпревар кој ќе се одигра на Националната арена во романската престолнина. Тие се главна атракција. Кафулињата се комплетно облепени со македонски знамиња, а навиначите од другите земји се фотографираат со нашите.

фото: ФФМ инстаграм

На почеток