Македонија

Оваа слика е опис на нашата држава: Илјадници македонци на ревакцинација во Србија

Илјадници македонски државјани денеска и утре се ревакцинираат во соседна Србија. Најголем дел од нив ја примија првата доза вакцина кон крајот на месец март и добија термини за ревакцина по 12 недели со вакцината на „Астра Зенека“.

Станува збор за лица помлади од 60 години кои немаа можност да се ревакцинираат во државава со „Астра Зенека“, додека оние граѓани кои се вакцинираа во странство со вакцините на „Фајзер“, „Синофарм“ и „Спутник“ можеа да добијат термин за ревакцина во земјава.

Според информации од АМСМ утринава се чека од 30-40 минути за излез од државата на граничниот премин „Табановце“, а километарски колони возила имаше и во текот на вчерашниот ден.

На почеток