Македонија

Д-р Даниловски: Со индискиот сој можат да се заразат и вакцинираните, но ризикот е мал

Сите вакцини штитат од индискиот сој на Ковид, но можно е и некој вакциниран да се зарази со него и да го донесе во Македонија, вели Даниловски во интерјву за Сител.

Сепак, според епидемиологот тој ризик е минимален, со оглед на тоа дека на граница треба да се приложу негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација.

“Не знаеме колкав е процентот за такво нешто, но заразувањето со индискиот сој е можно и кај вакцинираните. Сепак мислам дека ризикот е мал, со оглед на тоа што на граница треба да приложите негативен ПЦР тест или доказ за вакцинација” вели д-р Даниловски.

За тоа дали учениците треба да ја почнат наредната училишна година со физичко присуство, докторот вели дека треба.

“Епидемиолошката слика го дозволува тоа. Конечно и дефинитивно треба да се вратат во училиштата”, изјави Даниловски.

На почеток