Две лица загинаа во авионска несреќа што се случи утрово во областа Илија, северо-источно од градот Пиргос во Грција. Според enikos.gr, мал авион на локалниот воздушен клуб се урнал под неразјаснети околности.
Авионот паднал во селото Харија во близина на станбена зграда, а телата на патниците биле јагленисани.
Причините за несреќата треба да се утврдат.