Македонија

Пандев: Јас за Македонија го дадов максимумот и време е за крај, повеќе од ова не можам!

Пандев денеска доби овации на Амстердам Арена кога беше заменет во 65-та минута со 122 меча зад себе за Македонија, 38 гола, цели 20 години дел од националниот тим.

„Срцето ми е полно, нема поубаво нешто да играм за светиот дрес на едно големо натпреварување. Нема ништо поголемо, клупскиот фудбал е нешто друго, а ова е сосема поинакво чувство, кога ќе видиш колку македонци дошле да те бодрат во Букурешт и Амстердам. Цела Македонија застана за нас. Јас сум благодарен на сите, на цела јавност, на сите медиуми и новинари, на сите селектори, масери, доктори… Јас за Македонија го дадов максимумот и време е за крај. Повеќе од ова не можам! Ова е моја конечна одлука, така се чувствувам. Тоа е вистината, не можам да продолжам да играм ако не сум сто отсто, а за мене на овие 38 години е премногу да играм на два фронта. Сега ќе бидам навивач, а убеден сум дека оваа генерација ќе се избори за Светско првенство. Им посакувам се нај нај, сега сите за нив ќе навиваме“, рече Пандев.

Тој додаде дека е возбуден и благодарен на цела Македонија за сѐ што помина низ овие две децении во националниот дрес.

На почеток