Свет

22,5 години затвор за полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

Во Минеаполис е изречена казната за поранешниот полицаец Дерек Шовин, кој речиси девет минути со коленото го притискаше вратот на Џорџ Флојд, предизвикувајќи негова смрт, објави dw.com. 

„Не можам да дишам“ („I can’t breathe”): мачната смрт на Џорџ Флојд на 25 мај 2020 година предизвика меѓународен револт и шокираност. Точно 13 месеци по убиството на Афроамериканецот во Минеаполис, во американската сојузна држава Минесота, поранешниот полицацец Дерек Шовин ја дозна својата казна – 22 години и шест месеци затвор.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека казната е соодветна, а адвокатот на Џорџ Флојд ја оцени како историска пресуда.

Мајката на Дерек Шовин во кусото обраќање го опиша својот син како „мирен, разумен и присебен човек“. Самиот Шовин на членовите на семејството на Флојд им изрази сочувство, надеж дека ќе најдат свој мир.

извор:  dw.com. 

На почеток