Во текот на вчерашниот ден (27.06.2021) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 471 возачи. Од нив, 78 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Куманово-84, потоа СВР Охрид-67…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.