Македонија

Турканици пред МВР, граѓаните чекаат во редици за да извадат лични документи

На социјалните мрежи утринава се појавија фотографии од редици на луѓе и гужви пред зградата на МВР, кои чекаат да им бидат издадени пасоши. Граѓаните од утринава чекаат во редици при високите летни температури, за да извадат лични документи во закажаните термини.

Присутните се жалат на топлото време, нервозни се, а оние дојдени од странство се најмногу изреволтирани, со што дел од нив наведуваат дека помислиле и да се откажат од македонските документи.

Системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола) не беше во функција во изминатите пет дена (од средата до вчера) поради миграција во нов систем, како што претходно информираше МВР.

На почеток