Македонија

Костадинов: Со еколошката такса ќе се обезбедат над 55 милиони евра за инвестиции во екологијата, опозицијата да се откаже од блокадите

Добро, навистина и мене, но и граѓаните би не изненадило ако ВМРО-ДПМНЕ нешто не блокира во рамки на Собрание така што сите сме свесни, можеме да го видиме законот е во собраниска процедура, станува збор за еколошка такса преку која што државата ќе прибере речиси 60 милиони евра кои што ќе бидат инвестирани во еколошки инвестиции, во поздрава животна средина и навистина не гледам зошто би имале тука против ВМРО-ДПМНЕ, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање и додаде:

Но, како што кажав, тие ги блокираа шесте економски пакети на мерки наменети за Ковид кризата, за граѓаните поддршката, го блокираат и бојкотираат законот за изградба на нов Клинички центар, блокираат и низа други закони преку кои што граѓаните би добиле некаков бенефит. Така што, не ме зачудува воопшто најавата за блокади на едно такво решение, нека продолжат слободно ВМРО-ДПМНЕ да блокираат и да бојкотираат. Единствено нешто кое што може да го порачам е баш таквиот бојкот и блокади држи и ќе ги држи уште долго време ВМРО-ДПМНЕ затворени и изолирани во белата палата.

На прашањето ако има илјадници амандмани законот нема да може да се донесе, што ќе направите, Костадинов вели:

-Секако, останува да видиме, согласно процедурите, согласно Деловникот да се отвори Законот во рамки на комисијата, не е проблем ние да разговараме, ќе повторам и ќе потврдам уште еднаш дека станува збор за закон преку кој што државата ќе земе 60 милиони евра наменети за инвестиции во екологијата, во животната средина. Тоа е бенефит за државата, тоа е бенефит за граѓаните. Ќе повикам уште еднаш на разум кај ВМРО-ДПМНЕ, јас сакам да верувам навистина дека во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои што размислуваат барем малку за граѓаните и за државата и ќе сторам се за да ги охрабрам таквите поединци во ВМРО-ДПМНЕ да дадат поддршка на овој закон, истакна Костадинов.

На почеток