Пратениците во Собранието со мнозинство од 66 гласови го изгласаа Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.
Со изгласувањето на овој Закон нашата држава го доби четвртиот национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето.
Министерoт за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, истакна дека со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет.