Македонија

Мијалков од затворот „Скопје“ пренесен во клиниката „Систина“

Ексдиректорот на УБК и првостепено осуден во два предмета Сашо Мијалков, од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари е пренесен во клиниката „Систина“, дознава „А1он“. Тој е спроведен со одобрение на кривичниот суд. Неофицијално, се жалел на проблеми со очите и црвенило, па адвокатите барале да му бидат направени испитувања на очниот оддел во приватната клиника. Директорот на затворот „Скопје“, Филип Андов, кратко за „А1он“ вели дека е притвореникот е испратен на преглед.

Текстот во целост на: „А1он“.

На почеток