Иако понудил 4,4 милиони евра во недвижности и 400 илјади евра во кеш, Орце Камчев обвинет во случајот „Плацевите на Водно“ ќе остане во притвор во Шутка. Пред два дена Апелациониот суд повторно ја одбил жалбата на Камчев иако Вишото обвинителство прифатило замена на затворски со домашен притвор за обвинетиот бизнисмен, објави Телма.
Судиите сметале дека висината на имотот не е доволна за гaранција дека Камчев нема да бега, а оцениле и дека здравствената состојба на обвинетиот кој неколку дена лежеше на кардилогија „не може да доведe до отстранување на стравот од бегство на обвинетиот“.
Камчев понудил вкупно 6 недвижности меѓу кои и куќата во Бардовци, каде беа направени снимките со предавање на парите во чанта Луј Витон во случајот Рекет со Катица Јанева. Останатите недвижности се фабриката на КАРА во Делчево и 4 големи плацеви градежно земјиште во Скопје и Маврово, како и фабрика во Делчево, а обвинетиот понудил и 400 илјади евра во готово.
Текстот во целост на: Телма.
