Свет

ФДА предупредува за несаканите ефекти на вакцината на „Џонсон и Џонсон“: Зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување во рок од шест недели по вакцинирањет

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) издаде ново предупредување за вакцината na „Џонсон и Џонсон“, наведувајќи податоци кои сугерираат дека постои зголемен ризик од развој на ретко невролошко нарушување во рок од шест недели по вакцинирањето.

Во писмо се наведува дека шансите да се развие ГБС-синдром по вакцинирањето се многу мали. Но истовремено се додава дека оние кои примиле вакцина на „Џонсон и Џонсон“ треба да побараат медицинска помош доколку се чувствуваат слабо или почувствуват пецкање или имаат потешкотии при движење.

Околу 12,8 милиони луѓе ја примиле вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во САД, а пријавени се и 100 извештаи за ГБС-синдром кај вакцинираните, вклучувајќи и 95 посериозни случаи кои побарале хоспитализација, а бил потврден и еден смртен случај. Од „Џонсон и Џонсон“ изјавиле дека разговараат со регулаторите за случаи со ГБС-синдромот. Според експертите, тоа е ретка невролошка состојба во која имунолошкиот систем ја напаѓа заштитната обвивка на нервните влакна. Повеќето случаи се придружени со бактериска или вирусна инфекција, а повеќето луѓе закрепнуваат целосно.

 

На почеток