Македонија

Боки 13: Русковска ми доверуваше информации кој кога ќе биде уапсен

На денешното рочиште оди судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ обвинетите побараа изземање на обвинителката Вилма Русковска.

Барањето за изземање на Русковска следи откако судот на Бојан Јовановски му дозволи да ги добие како докази, податоците од неговиот мобилен телефон, нешто кое тој го бараше и во претходниот предмет за случајот „Рекет“, за кој беше осуден.

Јовановски во барањето за изземање на Русковска наведе дека таа била пристрасна, бидејќи како што рече од податоците кои ги добил од својот мобилен телефон, поседувал комуникација преку разни мобилни апликации според кои обвинителката Русковска постапувала пристрасно во дел од предметите. Тој го наведе случајот „27 април“. Рече дека во пораките кои ги разгледувал со Вилма Русковска имало и пораки за поранешната СЈО, Катица Јанева за која обвинителката Русковска употребувала навредливи зборови.

Бојан Јовановски рече дека во пораките во неговиот мобилен телефон обвинителката му доверувала информации, за тоа кои функционери ќе бидат апсени, како и комуникација за случајот „27 април“.

Со лицето Вилма имам остварено комуникација која на ова усб ќе го доставам, ќе се види како Вилма ме информира за апсења и притвори на повеќе лица, ми дава информации за службени дејствија за да го искористи медиумскиот простор на тогашната 1тв. Во оваа комуникација ќе се видат и лични квалификации за одредени лица како постапувала Вилма. Вилма ме информира за апсење на Стевчо Јакимовски и ми вели дека треба да пратам тв екипа, истакна Јовановски.

За обвинетата Фросина Ременски ова е новонастаната состојба и го информираше судот дека и таа се приклучува кон барањето за изземање на обвинителката Рускосвска.

На почеток