Свет

Лажна дојава за подметната бомба ја испразни зградата на РТС во Белград

Вработени во Радио телевизија на Србија (РТС) на улицата „Таковска“ во Белград денеска се евакуирани околу 14 часот поради дојава за бомба, потврдено е за Б92.нет од Министерството за внатрешни работи на Србија.

Како што соопшти Нова.рс, сите вработени во РТС се евакуирани по наредба на обезбедувањето и се наоѓаат во близина на Абердаревата улица.

Блиц соопшти дека околу 14 часот обезбедувањето им наредило на вработените да ги напуштат своите работни места додека не се утврди што се случува.

Полицијата по деталната истрага во зградата утврди дека дојавата била лажна.

фото:  Курир.рс

На почеток