Свет

Убиен новинар на Ројтерс, од Авганистан известувал за воено-талибанските судири

Фоторепортерот на Ројтерс и добитник на Плицеровата награда, Дански Сидики е убиен за време на конфликтот во авганистанската област Спин Балдак, објави денеска агенцијата.

Специјалните сили на Авганистан се бореле за преземање на контролата над подрачјето на главниот пазар во областа Спин Болдак во момент кога загина еден новинар и еден офицер во борбата со талибанците.

Сидики како новинар бил приклучен кон специјалните сили на Авганистан во јужната провинција Кандахар и известувал за престрелките меѓу Авганистанците и Талибанците.

Претседателот на Ројтерс, Мајкл Фриденберг и главниот одговорен уредник, Алесадро Галони соопштиле дека агенцијата се обидува да дојде до дополнителни информации и дека соработува со властите во овој регион.

“Даниш беше исклучителен новинар, посветен сопруг, татко и омилен колега. Сочувство до фамилијата во овој ужасен момент”, се наведува во соопштението.

фото:  Pen News India

На почеток