На 18.07.2021 од полициски службеници од СВР Скопје лишен е од слобода Џ.Б.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека околу 09.45 часот на ул.„Војдан Чернодрински“, на паркинг простор пред деловен субјект, извршил кражба на пари од товарно возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на З.М.(41) од с.Черкези, кумановско.
Џ.Б. е приведен во Полициска станица Бит Пазар, кај него се пронајдени дел од одземените пари и вратени му се на З.М.. За настанот е известен дежурен Јавен обвинител и по документирање на материјалот ќе следува поднесок.