Магазин

Документарец за Цеца „Српска мајка“ тргнат од YOU TUBE

Документарецот „Српска мајка“, кој го обработува минатото на Цеца, апсењата и врските со српската мафија, избришан од ЈуТјуб за кршење на авторски права.

Документарецот „Српска мајка“ емитуван на српската телевизија N1 го прикажа животниот пат на Светлана Ражнатовиќ Цеца од амбициозно 15-годишно дете од Житораѓе до „Мајка на нацијата“. По емитувањето, истиот беше објавен и на Јутјуб, а три дена подоцна, таа платформа го тргна документарниот филм.

Но, тие не го сторија тоа самоиницијативно. Имено, корисникот „Цеца мјузик“ го пријави телевизискиот канал N1 за повреда на авторските права. Документарецот вклучува делови од нејзината венчавка со воениот злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан и бројни други снимки, така што алгоритмот што го користи Јутјуб навистина утврдил дека документарецот ги крши авторските права.

Пред воопшто да се емитува емисијата, адвокатот на Цеца побара од N1, а потоа и од Аудио видео продукција ЈСП да не го емитуваат, велејќи дека во спротивно „Светлана Ражнатовиќ ќе биде принудена да поведе соодветни судски постапки за да го заштити нејзиниот лик и дело“.

 

На почеток