Македонија

На Табановце и Богородица се чека 45 минути

Авто-мото сојузот на Македонија утрината информриа дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Според АМСМ на ГП Табановце и ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, а времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.

Според видео надзорот кој може да се следи на страната на „ЈП за државни патишта“. покрај граничниот премин Богородица, утринава поголема гужва се забележува и на ГП „Ќафасан“.

АМСМ

На почеток