Македонија

Заев: Немаме ништо против локалните избори да се одржат и на 17 октомври

Премиерот Зоран Заев денеска истакна дека немаат ништо против предлогот датумот на одржување на локалните избори да биде 17 октомври.

Тој образложи дека претходно го предложил 31 октомври поради поклопување со пописот на населенито.

Сепак, вели Заев, доколку сите се согласат, изборите може да се одржат и на 17 октомври.

Премиерот додаде дека на барање на опозицијата се случило и одложување на изборите од септември за втората половина на октомври.

На почеток