Македонија

(ВИДЕО) Отворени Летните Олимписки игри, Македонија ја претставуваат осум спортисти

Со свечена церемонија на Олимпискиот стадион во Токио, се отвори 32-то издание на Летните Олимписки игри. ЛОИ требаше да се одржат минатата година, но поради пандемијата со коронавирусот, тие за првпат беа презакажани.

Македонија ќе ја претставуваат вкупно осум спортисти, од кои двајца нема да бидат дел од денешната свеченост.

Четврти пат во историјата меѓународниот спортски спектакл ќе се одржи на јапонско тло. Претходно тоа беше случајот во Токио 1964, Сапоро 1972 и Нагано 1998.

Јапонија бележи високи бројки на заразени со коронавирус, па тоа е причината поради која навивачите немаа дозвола да присуствуваат на свеченото отворање на игрите. Некои од дисциплините започнаа, иако денес официјално игрите ќе го означат својот почеток.

На почеток