Се уште неизвесна одлуката за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО од на 44 сесија на комитетот за светско наследство. Дебатата беше во насока дека е направен голем прогес од двете држави и од Македонија и од Албанија, но сепак се уште е потребно да се направи за заштита на регионот. На расправата за Охридскиот регион беше отворена дилемата дали всушност се прави услуга на регионот ако не биде ставен на Листата на загрозени подрачја.
Министерката за култура Ирена Стефоска посочи дека Македонија изминатите две години демонстрирала истрајност и подготвеност да ги интензивира напорите за исполнување на препораките и забелешките на УНЕСКО. Таа во кусото обраќање пред учесниците на состанокот побара продолжување на роковите за да се овозможи натамошно дејствување во сите сфери за дополнителна заштита на светското културно и природно богатство.
Од албанска страна беше истакнато дека работат на препораките од УНЕСКО, но дека истите се спроведуваат во тешки времиња за државата Албанија се соочува со последици од земјотресите и заздравува од пандемијата од Ковид-19. Во своето обраќање истакнаа дека како и целиот свет и тие се соочуваат со дилемата – заштита на историското наследство од една и напредок и модернизација од друга страна.
Расправата беше прекината по претставувањето на Амандманот од Босна и Херцеговина, во кој се бара на државите (Македонија и Албанија) да им се остави уште две години време за спроведување на препораките. Членовите на 44 сесија на комитетот за светско наследство најавија дека ќе ја донесат одлуката по разгледување на Амандманот од Босна и Херцеговина. Предлогот на БиХ наиде на негодување кај дел од делегатите, поради немање конзенсуз одложено беше донесувањето на конечната одлука за статусот на Охридскиот регион. Истата се очекува да биде донесена по дополнителни консултации кои се во тек.
