Магазин

Заев откри со нов – летен имиџ, вели како и секој маж така и јас, малку да го одморам лицето во текот на летото

Како и секој маж, така и јас, малку да го одморам лицето во текот на летото, изјави премиерот Зоран Заев запрашан за неговиот нов имиџ да пушти брада.

– Па нека се коментира слободно. Како и секој маж, така и јас, малку да го одморам лицето во текот на летото. Летен имиџ. А сакам да ја исполнам желбата на синот. Последниот викенд бев со нив, не се бричев и малку ми порасна брадата. Син ми рече: Тато, остави ја малку брадата, никогаш не сум те видел со брада, остави ја малку, па потоа ти одлучи си! Така да, идејата дојде од синот и сакам да му ја исполнам желбата. И убаво е, штедам 20 минути наутро. Веројатно со годините е и зрелост ама полесно е, изјави Заев за порталот ММС.

На почеток