Во скопската населба Дебар Маало во близина на влезот на основното училиште „Коле Неделковски“ синоќа паднало дрво кое лесно повредило едно дете и оштетило паркиран автомобил. Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ за „360 степени“ вели дека детето кое се наоѓало во близина на автомобилот врз кој падна дрвото, има само гребаници и не е тешко повредено.
„Дрвото паднало само од себе. Со зелени гранки било, но исушени корени, без корени. Паднало и оштетило едно возило. Дојде полиција и направи записник. Ќе треба да се плати штета за автомобилот. Детенцето било малку изгребано, тоа било во близина на автомобилот“, вели Богдановиќ.
извор и фото: „360 степени“