Свет

10 загинати, 45 повредени, осумина се во тешка состојба во несреќата утрово во Хрватска

Во автобуската несреќа што утринава се случи на автопатот во близина на наплатните рампи кај Славонски Брод досега има 10 мртви и 45 повредени патници во автобусот со косовски регистерски таблички.  Осумина од повредените се во тешка ситуација.

Автобусот со 60 патници утрово во 6,20 часот излетал од автопатот. Полицијата ги истражува причините за оваа тешка сообраќајна несреќа.

За несреќата на својот твитер профил се огласи и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ:

„Со голема тага ја примив веста за излетувањето на автобусот од автопатот кај Славонски Брод во кој животот го загубија 10 лица. Во мислите сме со семејствата на жртвите и со косовските власти и народот, и на сите им изразуваме длабоко сочувство. Се надеваме дека повредените патници брзо ќе се опорават“, напиша Пленковиќ.

На почеток