Претседателот на ДУИ Али Ахмети и пратеник во Собранието денеска е снимен во опуштено издание на свадба во Зајас како води оро и ужива во звуците на албанскиот мелос со зурли и тапани, веејќи го албанското знаме, традицонално украсено за свадбена веселба.
Ахмети е главен гостин на свадбата на својот внук во Зајас.
Видеото е објавено на социјалните мрежи од гости на споменатата свадба во Зајас од каде е родум Ахмети.
-Кога срцето ти пее, а душата игра, пишуваше на една од објавите како опис за видеото со Ахмети, на кое покажа дека знае да се качи и на тапанот.
Видеото може да го погледнете ТУКА