Македонија

Антикорупциска го оспори пред Уставен Законот за коридорите 8 и 10

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска и официјално ја достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на Законот за утврдување јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 Д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија, и побара уставните судии да донесат времена мерка за стопирање на неговата примена до конечно произнесување на Уставниот суд, објави ТЕЛМА.

Членови на Антикорупциската комисија потврдија дека ја поднеле иницијативата затоа што сметаат дека копманиите за патиштата треба да се избираат во тендерски постапки и согласно Законот за јавни набавки, а не преку lex specialis решенија со законска сила.

Текстот во целост на: ТЕЛМА.
На почеток