Дејан Георгиевски испиша со сребрени букви нови страници во спортската историја на Македонија, откако нашиот таеквондист стигна до второто место во категоријата над 80 килограми на ОИ во Токио.
Георгиевски после поразот од најдобриот таеквондист моментно, Русинот Владислав Ларин со 9-15 во финалето попладнево, за Македонија го носи средбрениеот медал. Вториот медал за Македонија доаѓа после цели две децении откако Могамед Ибрагимов во Сиднеј во 2000 година освои бронза во борење.