Македонија

Георгиевски: Ветив медал, донесов медал, не застанувам тука, Да живее Македонија!

Скопје го дочека новиот макеоднски херој Дејан Георгиевски, спортисот кој освои сребро на Летните Олимписки Игри во Токио, прв медал после две децении за Македонија.

„Ве обожавам, немам зборови да опишам. Благодарам за сета поддршка, за тоа што дојдовте во голем број. Фала му на Господ, тој е прв со нас и без него ништо немаше да биде можно. Благодарам на мојот тренер Дарко Костовски кој го гледавте како навива, кој ми ја даваше дополнителната енергија баш кога ми беше најпотребно. Со мене почна од пионер-кадет и многу карактеристики ги прифатив од него. Другиот мој тренер Борче Костовски, тој е доктор за луѓе, ама и во таквондо. Тие се два најголеми кривци за медалот од ЛОИ. Посебно Борче, кој ја прави стратегијата, толку прецизно што нема промашено. Благодарност до семејството, благодарност до мојот брат Пуки, до сестра ми Анамарија…

Ветивме дека ќе донесеме медал, сакавме златен, за жал сребро, но ветивме дека ќе донесеме медал. Сега кога го скршивме мразот, на сите следни ЛОИ ветувам дека ќе имаме повеќе учесници и медали, не само во таеквондо, туку во сите спортови. Не сакаме само учество, сакаме медал(и).  Посакувам останатите што ќе учествуваат допрва да нѐ израдуваат и да донесат медал. Да ја израдуваме Македонија пак – да живее Македонија!“, рече Георгиевски во обраќајњето од плоштадот.

На почеток