Македонија

Филипче укинат на Твитер

Твитер целосно го блокираше официјалниот профил на министерот за здравство, Венко Филипче, поради „забележана необична активност од овој профил.“

Профилот на твитер на министерот на здравство на 16-ти минатиот месец беше ставен на рестрикција од страна на „Твитер“ откако,  ненамерно, како што соопштија од министерството за здравство,  при логирање бил внесен погрешен код за верификација.

Се до вчера, корисниците сѐ уште можеа да „влезат“ на профилот, но само откако ќе го прочитаат предупредувањето објавено од социјалната мрежа, но од денеска фрофилот на министерот Филипче го нема на оваа социјална мрежа.

На почеток