Магазин

„Си замина и таа….секогаш насмеана“, плач и неверување откако почина актерката Сабина Ајрула Тозија

Македонската јавност се уште не може да поверува по вчерашната вест дека на 75 годишна возраст по кратко боледување почина македонската актерка Сабина Ајрула Тозија.

Една од првите која се прости од неа беше актерката Весна Петрушевска која преку својот Инстаграм профил упати големо жалење за загубата.

-Си замина и таа….секогаш насмеана, неверојатно духовита, одличен партнер на сцена, непредвидлива, истрајна, бунтовна, вредна, достоинствена со неа секогаш се смеев, знаеше да виде луцидна и игрива…на сцена и приватно…многу ја сакав ама многу прекрасница моето најдлабоко сочувство Вардан Тозија ти и беше целиот свет глумците никогаш не умираат (така барем се тешиме) најголемиот и најбучниот аплауз за тебе Сабина, стои во нејзиниот пост на Инстаграм.

На почеток