Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески објави за тоа што сработело Комуналното претпријатие изминатиот ден:
Активности за подигање на соборени дрвја на неколку локации во градот, по вчерашното невреме;
Расчистување на дива депонија од кабаст отпад и градежен шут на потегот во населбата “Свети Стефан”;
Расчистување на диви депонии од кабаст отпад во населба “Далјан”;
Чистење на манастирскиот комплекс “Света Петка” во пресрет на манифестацијата “Вечер на Живко Чинго”;
Двосменско чистење и подигање на отпад од плажите.
