Биологот Кирил Арсовски – Пржо со мал водич низ ковид информатичката магла.
“❗НЕ ПРИФАЌАЈТЕ СОВЕТИ И НАСОКИ ОД:
луѓе што коментираат за делување на вакцина, а не се:
🧬имунолози, микробиолози, виролози, молекуларни биолози – сите со искуство со еволуција и екологија на вируси.
🧂 луѓе што коментираат за состав за вакцина, а не знаат хемиска формула за: готварска сол и оцет
☕️ луѓе што коментираат за производство на вакцина, а не знаат ни како се произведува нес кафе
📈 луѓе што толкуваат статистика, а не знаат да пресметаат равенка со две непознати
🔮 луѓе што лечат болести со минерали
🖼 луѓе што споделуваат на ФБ икони за среќа
🌐луѓе што веруваат дека Земјата е рамна плоча
🧟луѓе што не прават разлика помеѓу епидемиолошки препораки и политички одлуки
🧲 луѓе што лепат лажици и вилушки по рацете
****
Многу работи за вирусот не знаеме, ниту ние ниту научната јавност. Не треба ни да се очекува да знаеме се. Затоа живееме во општество каде секој има своја улога. Не секој од нас знае како да вади крајници, ниту како да управува со електрана или пак да лета со авион. Треба да сме скромни и да прифатиме дека некои работи едноствано преку гуглање во тоалет нема да можеме да ги научиме и разбереме. Не, не никој не го измислил вирусот за да прави пари. Индустријата за парфеми заработува двојно повеќе од онаа за вакцини. Полесно ќе беше да направат пропаганда дека смрдиме, отколку цел свет да го затворат”, напиша тој.