Македонија

Петицијата за докторот Гроздановски да биде вратен на работа, ќе биде во вторник пред Филипче

Петиција за враќање на работа на докторот Мирослав Гроздановски, кој доби отказ од поликлиника Букурешт, три години пред пензија, собра над 3600 потписи. Во вторник, таа ќе биде доставена до Министерството за здравство, за докторот да биде вратен на работа. Гроздановски ја фотографираше неписмената табла за дерматовенерологија во поликлиника Букурешт.

„Собравме повеќе од 3600 потписи за поддршка на почитуваниот колега а против неправдата која му е нанесена. Петицијата е отворена до Понеделник,во Вторник ќе биде доставена до ресорното министерство. Тешко се менуваат овде работите,но навистина е битно вакви неправди да не се премолчуваат. Ве молам за поддршка сите оние кои не ја дале до сега“, напиша доктор Ненад Лазаров.
На почеток